Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 22 јули 2026, 16:05 ч.
Локум фест за својата верна публика, како што вети, така го исполнува ветувањето за нов датум за одложениот концерт на грчкиот ансамбл „10-те бузуки на Домна“. Долгоочекуваниот концерт кој е во рамките на Бит фест, ќе се одржи на 6 Август во Хераклеја со почеток во 20.00 ч. Во случај на невреме, алтерантивен простор е Центар за култура Битола, соопштија од Локум фест.
Воедно од фестивалот известуваат дека оние кои предходно купиле влезници или добиле ваучери дека истите важат за овој концерт.
Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група.
„10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми.
Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености.
Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.
Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025