Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Во битолската библиотека свечено откриено ново спомен-обележје на Св.Климент Охридски - дело на Зоран Николовски

Објавено: 6 септември 2026, 15:15 ч.

Во битолската библиотека свечено откриено ново спомен-обележје на Св.Климент Охридски - дело на Зоран Николовски

Во холот на Националната установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -Битола, свечено беше откриено спомен-обележјето посветено на св. Климент Охридски, патронот на нашата установа, кој е траен симбол на писменоста, просветителството, духовноста и културното наследство.

Спомен-обележјето е дело на авторот Зоран Николовски, кој пред присутните говореше за сложениот и инспиративен процес на создавање ликовна претстава на историска личност за која не постои непосреден визуелен запис, авторот рече: „Сите ние сме автопортрет на Бог, кој го создал човекот и светот“, истакна Николовски, посочувајќи дека при создавањето на ликот на св. Климент Охридски авторот може да се повикува на мајсторски изработените фрески и другите историски записи, но дека тоа воопшто не ја олеснува уметничката задача.

Пред присутните се обрати и директорката на Библиотеката, м-р Емилија Стефановска-Давкова, која истакна дека проектот „Соба на Св. Климент Охридски“, реализиран во рамките на Годишната програма за 2026 година со поддршка од Министерството за култура и туризам и претставува само еден сегмент од пошироката визија за развој и отворање на Библиотеката кон јавноста. „Нашата цел е Националната установа -Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола да биде препознатлива не само како место за читателите, студентите и истражувачите, туку и како значајна културна точка за сите посетители на Битола“, истакна директорката Стефановска-Давкова.

Во таа насока, Библиотеката интензивно работи на доопремување и доуредување на музејската поставка, соодветно застаклување и изложување на старите и ретки книги, периодичните изданија и предметите поврзани со историјата на Библиотеката, Битола и државата, како и на посебната „Соба за музикалии“ на вториот кат.

Особено значајно е што делот од објектот во кој се наоѓа „Музејската поставка“ е опфатен под заштита, согласно прописите за културното наследство. Токму затоа, една од заложбите е, во соработка со надлежните институции, како НУ Завод и Музеј-Битола и другите музејски установи, како и институции од областа на културата и туристичките чинители, Библиотеката во иднина да стане препознатлив дел од културно-туристичката понуда на Битола.

Библиотеката, основана како градска библиотека на 25 март 1945 година, денес има статус на Национална и Универзитетска библиотека, а од 1954 година ја остварува и својата исклучително значајна депозитна функција, а тоа е чување на задолжителниот архивски примерок на книжниот и некнижниот библиотечен материјал.

„Ние не чуваме само книги. Ние чуваме дел од колективната меморија, културниот идентитет и сведоштвата за времето во кое живееле и твореле генерациите пред нас“, порача директорката.

На свеченоста присуствуваа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заменик-градоначалничката на Општина Битола Марина Крстиќ, претставници на институции, вработени во Библиотеката, уметници, соработници, љубители на книгата и бројни гости. Со новото спомен-обележје, ликот и делото на св. Климент Охридски добиваат свое трајно и достоинствено место во институцијата што гордо го носи неговото име.

Мисијата на нашиот патрон, Св. Климент Охридски е знаењето да се создава, да се пренесува и да остане наследство за идните генерации, а тоа е и мисија што нашата Библиотека продолжува да ја негува и денес, порачаа од библиотеката.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми