Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 14 септември 2026, 14:21 ч.
Секоја статуетка „Камера 300“, што завршува во рацете на светските кинематографски величини, својот живот го започнува како обично парче метал во ателјето на скулпторот Димитар Филиповски. Преку оган, висока прецижност и посветено време, тој веќе повеќе од три децении го обликува еден од најпрепознатливите симболи на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Приказната започнува во 1994 година, кога тогаш 20-годишниот Филиповски за првпат ја презема изработката на овие престижни фестивалски признанија. Оттогаш, создавањето на наградите станува негов годишен ритуал што се повторува секој јуни и јули.
„Секоја година во тој период во мене се вклучува внатрешен аларм дека е време за работа. Изработката на награди што оделе кај најголемите светски имиња за мене и денес претставува огромна одговорност“, истакнува Филиповски.
Со подготовките во неговото ателје, Битола веќе ја подготвува сцената каде новите сопственици ќе ги добијат своите статуетки. Предвидено е 47-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ да се одржи од 19 до 25 септември 2026 година.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025