Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 2 август 2026, 13:23 ч.
Во организација на „Авалон Продукција“, најголемата регионална поп ѕвезда Здравко Чолиќ приреди музички спектакл кој дефинитивно ќе се памети како најголемиот настан во поновата историја на градот и поширокиот регион, привлекувајќи неверојатни 20.000 посетители.
Дека Битола знае да биде одличен домаќин на големи настани се потврди и синоќа, кога стадионот „Петар Милошевски“ беше тесен да ги прими сите обожаватели на најголемата регионална поп-ѕвезда, Здравко Чолиќ. Настанот, кој во јавноста веќе се етикетира како најголемиот музички спектакл во историјата на регионот, привлече околу 20.000 посетители од земјава и од соседството.
На сцената, Здравко Чолиќ уште еднаш покажа зошто неговата кариера успешно трае уште од далечната 1967 година. Со препознатливиот шарм, моќниот глас и силна емоција упатена кон публиката, тој ги спои генерациите кои во еден глас ги пееја неговите хитови.
Музичките сладокусци со право забележуваат еден редок феномен, а тоа е дека како што поминуваат годините, Чолиќ не го крати својот репертоар, туку на секој концерт додава по некоја нова песна. Со повеќе од три часа пеење во живо и изведени над 40 композиции, тој се вбројува во самиот светски врв на изведувачи кои можат да го издржат тоа темпо – веднаш покрај легендарниот Брус Спрингстин.
Од организацијата „Авалон Продукција“ не го кријат задоволството од одзивот и порачуваат дека Битола во секој поглед го заслужува најдоброто и дека градот нема да запре овде.
Веќе вечерва, на истото место, сцената ја презема светски познатиот диџеј Steve Aoki. Со неговиот настап, Битола и Македонија на спектакуларен начин и во светски стил ја започнуваат прославата на 35 години од прогласувањето на независноста. Судејќи по синоќешната енергија, пред битолчани и нивните гости е уште една ноќ за паметење.
Текст: Каролина Николоска, Игор Николоски
Фотографии: Авалон продукција
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025