Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 1 септември 2026, 13:59 ч.
Охридскиот Конгресен центар на 31 август беше домаќин на промоцијата на новиот роман „Немам страв“ од проф. д-р Трајче Стамески, настан организиран како дел од програмата на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
За книжевните квалитети на делото говореше промоторката проф. д-р Данијела Костадиновиќ од Универзитетот во Ниш. Во својата анализа, таа се осврна врз жанровската слоевитост и специфичната нарација остварена преку мултифокализација и техниката mise en abyme. Посебен акцент беше ставен врз психолошкиот портрет на главниот лик Тристан, како и врз универзалните мотиви за стравот, љубовта, меморијата и човековата минливост.
Во рамките на излагањето беше истакната и силната интермедијална врска во романот, каде што елементи од музиката, ликовната уметност и архитектурата директно кореспондираат со внатрешните состојби на ликовите.
Книжевниот настан, модериран од м-р Верица Мукоска, беше заокружен и со изложба на уметнички дела чиј автор е самиот професор Стамески.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025