Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 25 септември 2026, 08:00 ч.
Во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа промоцијата на романот „Пред да заминам“, дебитантското книжевно остварување на младиот авторот Бојан Ристески.
Романот, кој излезе од печат годинава во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“, донесе емотивна и инспиративна приказна за сите љубители на пишаниот збор. Преку ова дело, Ристески ги отвора прашањата за животот, личните одлуки и сите оние специфични предизвици со кои се соочуваат младите луѓе денес. Приказната носи и силен личен печат, имајќи предвид дека самиот автор веќе извесен период живее и работи во Чешка.
Настанот помина во топла и срдечна атмосфера, каде сограѓаните, пријателите и почитувачите на литературата му дадоа силна поддршка на младиот автор на почетокот од неговиот творечки пат. Од библиотеката му упатија искрени честитки на Ристески, со желби за долг и успешен пат на романот, како и уште многу идни креативни остварувања.
Фотографии: ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ - Прилеп
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025