Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 27 август 2026, 07:14 ч.
Во рамки на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која се одржува во Охрид, промовирани се две дела од битолчанецот проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Станува збор за делата „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“ и „Апостолска чудотворност“, литургиска драма во стих.
Проф. д-р Зоран Пејковски е директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, при што работи на промоција и афирмација на македонската култура, јазик, литература и уметност.
Промотор и рецензент на двете книги беше проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, која е еден од најистакнатите македонски медијависти. Таа е и рецензент на двете дела.
Во своето излагање, проф. д-р Јакимовска-Тошиќ се осврна на значењето на Свети Климент Охридски како една од најзначајните личности во македонската средновековна духовна и книжевна традиција. Таа говореше за неговата просветителска, книжевна и духовна дејност, за развојот на Охридската книжевна школа, како и за местото на Свети Климент во македонската наука и култура.
Во книгата авторот го истражува присуството на Свети Климент Охридски во современото македонско творештво и начините на кои неговиот лик, дело и духовна мисија продолжуваат да инспирираат современи автори и уметници.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025