Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Со насмевки и серитификати завршија детските креативни работилници на 56. „Илинденски денови“

Објавено: 24 јули 2026, 12:52 ч.

Со насмевки и серитификати завршија детските креативни работилници на 56. „Илинденски денови“

Со насмевки, прегратки и заслужени сертификати, ја заокруживме приказната на детските креативни работилници во рамките на 56. „Илинденски денови“. Во изминатите денови, сцените, фоајето и фестивалските простори беа исполнети со нешто што не може да се научи од учебник …љубопитност, храброст да се создава и радост од заедничкото творење, соопштија од фестивалот Илинденски денови.

Под водство на посветени уметници и педагози, децата цртаа, истражуваа, играа со светлина и сенка, го оживуваа глуварчето, ткаеја …симболот на овогодишниот фестивал и покажаа дека традицијата има најсигурна иднина тогаш кога ќе ја допре детската имагинација.

Секој сертификат што беше доделен е признание за нивната креативност, љубопитност и посветеност. Но уште поважно од хартијата што ја понесоа дома е искуството што го создадоа и новите пријателства, првите уметнички чекори и чувството дека и тие се дел од големото семејство на „Илинденски денови“.

Голема благодарност до сите уметници, педагози, родители, волонтери и соработници кои беа дел од ова прекрасно патување. Без нив, детските насмевки немаше да бидат толку бројни, а фестивалот немаше да биде толку жив.

А до нашите најмлади фестивалци продолжете да сонувате, да создавате и да ја чувате љубопитноста. Таа е најубавото семе од кое растат идните уметници, творци и чувари на културното наследство.

Традицијата продолжува. Затоа што денес, таа доби нови мали амбасадори, порачаа од фестивалот.

Фотографии: Фестивал Илинденски денови Сашо Ставрев

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми