Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора фестивалот Браќа Манаки во Битола

Објавено: 4 септември 2026, 17:16 ч.

„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора фестивалот Браќа Манаки во Битола

Џеф Кроненвет е добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора Фествалот.

-Во Битола доаѓа човекот кој е познат на светско ниво како автор на екстремно квалитетни слики како директор на фотографија и умешно ја корсити светлината, но повеќе е познат по тоа што ја користи темнината, односно сенките. Човек кој во Битола ќе ја донесе атмосферата на трилерот, бидејќи тој ги изработи најдобрите трилери во светската кинематографија- Џеф Кроненвет е годинашен лауреат на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност, најави на денешната прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Како автор на некои од највпечатливите и највлијателните визуелни ремек-дела во современата кинематографија, Кроненвет донесе револуција во филмскиот јазик. Неговата долгогодишна, култна соработка со режисерот Дејвид Финчер ни ги подари антологиските кадри во филмовите како Боречки клуб (Fight Club), Социјална мрежа (The Social Network), Исчезната (Gone Girl) и Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo), кои му донесоа и две номинации за Оскар.

Познат како вистински „мајстор на светлината и сенките“, Кроненвет е пионер во дигиталната ера на кинематографијата. Тој успеа да го доведе дигиталниот формат до совршенство, користејќи прецизна психологија на кадарот каде што секое движење на камерата и секој зрак придушено светло директно ја отсликуваат внатрешната состојба и тензија меѓу ликовите.

Мајсторот на светлината, сенките и супериорната дигитална естетика доаѓа во Битола за да го прими највисокото признание и да застане рамо до рамо со великаните на светската кинематографија. Со доделувањето на ова признание, Кроненвет се приклучува на клубот на великаните на светската кинематографија кои ја понеле Специјална Златна камера 300 со што Битола уште еднаш цврсто се позиционира како центар на светската филмска уметност.

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи во рамките на претстојното издание на фестивалот во Битола кога на Дан Лаустен и Џеф Кроненвет ќе ги примат наградите.

Доксевски годинава го најави просуството и на бројни значајни филмски имиња, меѓу кои Јануш Камински, полско-американски кинемтографер и двоен оскаровец, кој е добитник на Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, но никогаш не дојде во Битола и годинава ќе ја имаме можност и Камински да биде дел од свеченото отворање на Фестивалот.

Селекторот на главната компетиција, Слаѓан Пенев информираше за филмовите кои ќе бидат прикажани на свеченото отворање и затворање на Фестивалот, а се дел од главната селекција која брои 12 филмови.

-Програмата „Камера 300 на 47-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се состои од дванаесет филмови кои својата меѓународна премиера ја имале во 2026 година на некои од најголемите филмски фестивали во светот.

Меѓу нив и два нови домашни филмови, со кои ќе биде отворен и затворен фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе ја има својата македонска премиера по успешното претставување на фестивалот Трајбека во Њујорк и на Филмскиот фестивал во Сараево. Ова е втор филм на Дина Дума кој ќе биде прикажан во главната програма на „Манаки“, по дебитантскиот СЕСТРИ, прикажан на 42-то издание на овој фестивал во 2021 година. Вториот македонски филм во програмата „Камера 300“ ќе биде НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЕ СЛУЧИ ПРЕТХОДНО во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а директор на фотографијата е Дејан Димески. Овој филм деновиве ќе ја има својата меѓународна премиера на Филмскиот фестивал во Олденбург. Димески има освоено Бронзена Камера 300 на фестивалот „Браќа Манаки“ во 2017 г. за филмот ЖАБА во режија на Елмир Јукиќ, а неговите филмови БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ (2013), ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ (2016) и МИМИ (2022) претходно биле дел од програмата „Камера 300“.

Уште еден филм од оваа програма во чие создавање има македонски удел е филмот СРАМ И ПАРИ на режисерот Висар Морина и кинематограферот Јанис Мазух, во германско-косовско-словенечко-македонско-белгиско-албанската копродукција. Филмот забележа голем успех годинава на многу фестивали, премиерно беше прикажан на почетокот на оваа година на Санденс фестивалот, каде ја освои една од главните награди - големата награда на жирито за драмската програма (World Cinema Grand Jury Prize: Dramatic). Од непосредното соседство ни доаѓа и филмот ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ, во режија на дебитантката Јелена Максимовиќ, а кинематографер е Паул Шпенгеман. Овој филм кој ќе биде деновиве премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во програмата „Хоризонти“ е копродукција помеѓу Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Германија, а регионалната премиера ќе ја има токму на ИФФК „Браќа Манаки“.

Меѓу останатите филмови во програмата „Камера 300“, имаме уште неколку големи режисерски и кинематограферски имиња, а дел од нив и претходно учествувале на фестивалот „Браќа Манаки“.

Тандемот Илкер Чатак и Јудит Кауфман по вторпат ќе биде во главната програма на „Манаки“, откако пред две години ја освоија Златната Камера 300 за филмот НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА. Овој пат, нивната напната психолошка, семејна и политичка драма ЖОЛТИ ПИСМА доаѓа во Битола по успешна фестивалска промоција низ многу европски и светски фестивали, како и една од најголемите филмски награди – Златната мечка од Берлинале.

Уште два препознатливи режисерско-кинематограферски тандеми чии дела биле и претходно учесници на нашиот фестивал ќе бидат претставени во годинешнатта програма. Тандемот Павел Павликовски - Лукаш Жал со филмот ТАТКОВИНА, последниот од „историската трилогија“ на Павликовски, по антологиските ИДА (2013) и СТУДЕНА ВОЈНА (2018), добитници на Сребрена и Бронзена Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“. Другиот тандем, Андреј Звјагинцев - Михаил Кричман, ни го носи филмот МИНОТАУР, по претходното гостување на програмата на „Манаки“ со ЛЕВИЈАТАН (2014) и БЕЗ ЉУБОВ (2017).

Покрај старите пријатели на фестивалот, преку оваа програма имаме чест да ги запознаеме и новите мајстори на филмската фотографија, меѓу кои е и бразилскиот кинематографер Адолфо Велозо, кој минатата година му се претстави на поширокиот филмски свет со визуелната лирика во фимот СОНИШТА НА ШИНИ во режија на Клинт Бентли. Неговиот удел во филмот КРАЛИЦА НА ОТВОРЕНО МОРЕ, режиран од Ленс Хамер, е значителен, со суптилно засилување на атмосферата на агонија и емотивно разорување, претворајќи ја оваа семејна драма во визуелно интензивно и вознемирувачко искуство.

Меѓу новиот бран кинематографери, како активни соучесници во создавањето на значајни современи филмски дела и чие време допрва доаѓа, во рамките на програмата „Камера 300“ ќе ги видиме и делата на Гералд Керклец (со филмот РОЗА, во режија на Маркус Шлајнцер), Ана Драгичи (со филмот АТЛАС НА УНИВЕРЗУМОТ, во режија на Паул Негоеску), Ману Тилински (со филмот ЛАВ НА МОЈОТ ГРБ, во режија на Тониа Мишиали) и Жонгџианг Лианг (со филмот НЕПОЗНАТА ДЕВОЈКА во режија на Зоу Џинг), рече Пенев.

-Овогодинешнaтa натпреварувачка програма за најдобра камера во документарен филм на 47-от Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе представи десет филмови снимени во шеснаесет земји, фокусирајќи се на најновите ликовни истражувања во современиот документарен филм, информираше Кумјана Новакова, селектор на документарната програма. Со седум филмови снимени во 2026 година и три во 2025 година, селекцијата ги спојува етаблираните и новите кинематографски гласови од Балканот, Европа, Блискиот Исток, Африка и Северна Америка.

-Селекцијата обединува не околу една единствена тема, туку напротив, преку исклучителната разновидност на кинематографски пристапи. Избраните филмови се движат помеѓу документарен пристап, доку-фикција, перформативен филм, архивски пракси и нови слики, и експериментални форми. Низ лични и интимни приказни до историски теи и географски истражувања, селектираните филмови се фокусираат на прашањата за политиките на сеќавање, борбите против насилството и опстанокот.

Формално - посебна карактеристика на програмата е подеднаквото внимание што им се посветува на филмови со различно траење и форми - од кратки дела до долгометражни филмови - потврдувајќи го документарниот филм како простор на континуирано експериментирање со можностите на подвижната слика. Како фестивал посветен на кинематографијата, селекцијата става посебен акцент на сликата како начин на размислување: не само како средство за документирање на светот, туку и за негово повторно преиспитување, реконструкција и замислување.

-Најинтересните факти на прв поглед: 10 филмови, 16 претставени земји и/или простори на продукција, 7 филмови од 2026 година и 3 од 2025 година, опсег на времетраење: од 15 до 109 минути.

Родова застапеност: 4 филмови се режирани или ко-режирани од жени, 5 филмови се режирани или ко-режирани од мажи, 1 филм е ко-режиран од жена и маж.

Низ многу различни географски подрачја - од Судан до Иран и Оман, од Косово и Балканот до Франција, Шпанија и на други места - филмовите се враќаат на прашањата за: раселување и миграција, сеќавање и историски траги, пејзажи обележани со насилство или трансформација, отсуство и загуба, тела како архиви, и можноста за повторно читање на историјата преку слики, подвлече Новакова.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми