Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Скејтбордингот не е за девојчиња - прв македонски филм селектиран на престижниот Трибека во Њујорк

Објавено: 9 јуни 2026, 10:59 ч.

Скејтбордингот не е за девојчиња - прв македонски филм селектиран на престижниот Трибека во Њујорк

Во Њујорк, во рамките на престижниот фестивал Tribeca, се одржа премиерата на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума кој е првиот македонски филм селектиран на овој светски реномиран фестивал.

Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија разви емотивна и прекрасна атмосфера, особено околу прашањата кон Дума за тоа како работела со глумците и како ја постигнала таа автентичност.

Женското дуо режија - продуцент: Дина Дума и Лабина Митевска докажа дека македонскиот филм може да биде селектиран на фестивал каде големите филмаџии сонуваат да бидат. Овој фестивал пулсира со Њујоршки дух, урбаност и последни трендови во културата.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Сценариото е на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Овој филм е втор долгомeтражен игран филм на Дина Дума после “Сестри”. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а поддржан е од Агенцијата за филм, „Еуримаж“, Creative Europe MEDIA и национални и регионални фондови од земјите копродуценти. Честитки до целиот тим кој стои зад филмот. Посакуваме оваа искрена и силна приказна да продолжи да допира до публиката на бројни фестивали и кино-сцени низ светот.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми