Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Претставата Едмонд ќе ја отвори новата сезона на Битолскиот народен театар

Објавено: 27 август 2026, 08:08 ч.

Претставата Едмонд ќе ја отвори новата сезона на Битолскиот народен театар

Многу претстави и гостувања во новата театарска сезона на Битолскиот театар

Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември. Публиката ја очекуваат претстави што екипата на Народен театар Битола ги создаде со љубов, претстави што веќе бројните посетители ги познаваат и сакаат, но и нови сценски приказни кои допрва ќе ги откриваме заедно, велат од битолскиот народен театар.

Септември носи многу театар, многу приказни и многу причини повторно да се сретнеме во Битолски театар. Оваа сезона повторно ја создаваат за нивната верна публика, без која театарот не постои. На сцената нè очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ - гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“.

Септември во НУ Народен театар Битола носи нови средби, големи приказни, врвна актерска игра и претстави како и гостувања што остануваат долго по последниот аплауз. Па така на 10 септември во Битола гостува „Ѕвездара театар“ од Белград со претставата „Унна“,а на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. На 18. септември „Пинокио“ гостува во ТФД „Силјан Штркот“ во Прилеп, а на 25 септември е предвидено гостување со „Кориолан“ на „Magical Nights in Bitrint“ во Саранда, Албанија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми