Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 2 октомври 2026, 23:02 ч.
Вечерва на големата сцена на Центарот за култура со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет, беше отворено 35-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Солисти беа Наташа Трендафилова-Гицев и Балаж Лочеи од Унгарија. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија.
Пред присутната публика се обрати уметничката директорка на фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој кажа дека Битола е град на културата и град на традицијата, а овој фестивал дополнително го потврдува тоа.„35 години традиција на еден од единствените фестивали на класична музика, кој секој октомври во Битола ги носи светските, но и македонските класици.
Убавината на класичната музика и уметност од вечерва по 35-пат одекна од градот на клавирите благодарение на неуморноста на фестивалските творците почитуваните Рибарски.
На префинето структуриран начин, уметничкиот израз допира до секој посетител, преку концертите, уметнички изложби, театарска претстава, а вечерва на свеченото отворање и балетската претстава „Шехерезада“ во изведба на Македонската опера и балет, како и мастер класовите и подиумот за млади во соработка со Државното музичко училиште.
Особено е значајна за нашите ученици од Државното музичко училиште и нивните професори вечерта посветена на нив, односно подиумот на млади во Офицерскиот дом. Ова училиште се покажало и докажало како расадник на уметници во светот на класичната музика“ рече градоначалникот Коњановски.
Пред отворањето на фестивалот во фоајето на Центарот за култура беше поставена ликовната изложба „Современа Италијанска графика и цртеж“.
Фестивалот ќе трае до 10 октомври, а во својата програма има концерти, театарска претстава и мастеркласи.
Фотографии: Општина Битола
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025