Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 7 септември 2026, 13:02 ч.
НУ Центар за култура – Битола подготвува вистинско изненадување за филмските сладокусци и за својата верна публика.
Филмскиот хит „Свадба“ се враќа на редовниот кино-репертоар, а претстојната проекција носи посебен повод за славење.
Специјалната реприза е закажана за 12 септември со почеток во 20:00 часот, а токму во оваа вечер киното ќе го дочека својот јубилеен 10.000-ти гледач.
За одбележување на овој голем успех и бројка, Центарот за култура подготви вредна и атрактивна награда за најсреќниот во салата: Два годишни билети за кино — што за среќниот добитник и неговата придружба значи цела година бесплатно уживање во сите филмски проекции и остварувања што ќе бидат прикажани во киното во Битола.
Големиот интерес и полните сали за филмот „Свадба“ уште еднаш ја потврдуваат силната кино-култура во Битола, а од Центарот за култура ги покануваат сите љубители на седмата уметност да бидат дел од оваа посебна филмска вечер и да си ја пробаат среќата.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025