Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Од Баба Деспина до светското платно: „Ткајачи на филм“ е новиот визуелен идентитет на 47. „Браќа Манаки“

Објавено: 11 август 2026, 14:40 ч.

Од Баба Деспина до светското платно: „Ткајачи на филм“ е новиот визуелен идентитет на 47. „Браќа Манаки“

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага и во 50-годишната кариера има соработувано со познати магазини, агенции и славни личности.

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“.

- Македонската кинематографија е родена од слика на жена која преде. Од Баба Деспина и првите кадри на браќата Манаки, па сè до денес, нашите филмски автори ткаат приказни што го чуваат нашето минато, но истовремено го отвораат погледот кон светот. Токму затоа, темата „Ткајачи на филм’“не е само визуелен идентитет на годинашното издание, туку потсетување на една голема и богата традиција на раскажување. Особено е симболично што се доближуваме до 2027 година, кога ќе одбележиме 75 години од „Фросина“, првиот македонски долгометражен игран филм, чиј насловен лик исто така е ткајачка. Од првиот кадар до „Фросина“ и до современите филмски автори, нишката продолжува, а фестивалот „Браќа Манаки’“останува местото каде таа традиција се среќава со најзначајните ткајачи на филм од целиот свет, вели Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“, е илустраторка и графичка дизајнерка чиј визуелен израз се препознава по силната употреба на боја, слободната креативна енергија и раскажувањето преку слика.

- Секој креативен процес започнува со една нишка, со идеја што на почетокот можеби е едвај видлива, но постепено се поврзува со други слики, чувства и искуства. Како и во предењето и во ткаењето, потребни се ритам, трпение и интуиција за од поединечните нишки да се создаде целина. Токму во таа паралела го пронајдовме јадрото на визуелниот идентитет: авторите на филмот се ткајачи кои од светлина, движење и време создаваат приказни. Камерата е нивниот творечки инструмент. Таа не само што ја забележува реалноста, туку овозможува да биде преобликувана, почувствувана и раскажана на нов начин. Затоа во постерот камерата и роданот се „претопени“ еден во друг, односно се поврзани со иста нишка. Тоа е нишката на човечката потреба да создава и да раскажува, вели Штркова, потписник на постерот на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Горан Тачевски е фотограф со повеќе од 50 години професионално искуство во документарната, модната, портретната и комерцијалната фотографија. Во својата кариера соработувал со светски брендови, агенции, познати личности и изданија како „Vogue“, „Elle“, „Harper’s Bazaar“, „Le Monde“ и „The New York Times“, а неговата работа е наградувана на повеќе меѓународни фестивали. Тачевски е дел од визуелниот идентитет на ИФФК „Браќа Манаки“ преку својот фотографски приказ на Македонија, доловена низ неговиот објектив како простор на силни карактери, автентични моменти и приказни со филмска атмосфера.

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија и со поддршка од Агенцијата за филм, Општина Битола и Кинотеката на Македонија.

„Њу Момент“ во своето 33-годишно постоење има изработено дел од најпознатите постери за Скопскиот џез фестивал, Млад отворен театар и Охридско лето. Агенцијата во своето големо портфолио на награди има и Титаниумски и Сребрен лав од фестивалот на креативноста во Кан.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми