Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Актерот Тони Наумовски е добитник на наградата „Мето Јовановски“ на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“

Објавено: 26 јуни 2026, 10:18 ч.

Актерот Тони Наумовски е добитник на наградата „Мето Јовановски“ на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“

Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран.

-Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања, вели Наумовски.

Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и телевизија. Tоа што актерот го живее таму, во рајскиот голем град, не може да се раскаже, треба да се одживее, да се преживее и да се живее, секој ден, секоја секунда и секој здив со кој се дише животот и прима духот на слободата за да се прави тоа што се мечтае со отворени очи. Или да се одигра на филм.

Тој тоа го направи во прво лице еднина во `„Мојот Њујорк“ каде се игра себе самиот, емигрант и лунатик. Да се биде на сцена, да се стои пред камера и да се живее шансата да се биде `„Ноќен агент“, да се биде Марко, да се биде Виктор во „Лос Кос“, да се дојде до „Крајот на играта“ како Иван Асланов, да се биде бедник и таксист „Тука денес“, да се биде Александар Леко и да и се служи на „Ѓоспоѓата Министерка“ ама и Ајнштајн во „Медени ноќи“, да се верува повеќе од Олег дека „Портокалово е новото црно“, во меѓувреме да се боксува и раскажува дома на своите дека животот „Не е американски филм“, да се биде војник кој умира од живот и бара лек „На терапија“, да се биде убав, ама и да се биде со лузна на лицете, да се биде во реалноста, да се врати во минатото, да одлета во иднината и да јава во светот на бајките. Тоа се неговите животи. Не внимавајте кога живеете! Според житието на Тони Наумовски, некои животи може и да се живеат.

Како да се прочита листата на животот на актерот Тони Наумовски одигран во повеќе од осумдесет карактери, во исто толку продукции на филм и телевизија, на повеќе од десетина јазици меѓу кои и неколку продукции во Македонија, татковината на татко му која тој ќе ја открива и препознава со секое негово враќање во потрага по духот на слободата кој, барем тоа нешто, духот во Тони Наумовски е во безгранични количини. Таа магија што Тони Наумовски во карактерот на Владимир ќе ја донесе со себе во неговата, но и во приказната за Лена во македонскиот филм „Лена и Владимир“ само минатата 2025 година ќе му донесе четиринаесет награди и исто толку номинации за актерско достигнување во уметноста на филмот на повеќе од осумдесет фестивали во Европа и Америка.

Тони Наумовски е актер кој е пример за желба, посветеност и бескрајна љубов кон уметноста на филмот, актер со иста дива сила и питома страст кон триаголникот на светот во кој тој е круг во правоаголната рамка на филмот во која стоеше и Мето Јовановски. Тони Наумовски е актер што игра со филигранска точност и одмереност на раскажувач на приказни и продавач на лосиони за растење на коса. Во иста приказна и во еден карактер што само уште еднаш, и во случајот на човекот Тони Наумовски потврдува дека она што во уметноста треба да им го дадеме на другите, во професијата актерство - може да се земе единствено од себе самиот.

Тони Наумовски е уметник кој има образование и знаење за животот и уметноста, не само за филмот, дури и повеќе отколку што му треба на актер кој знае до каде сака да стигне. Ама Тони Наумовски е актер кој не сака да знае каде почнува и каде завршува тоа што го сака - наспорти тоа што го има. Тони Наумовски е уметник, ама и занаетчија со совршена техника на говор, со атлетско тело на змија во кожа на лав и со поглед на дете што секој ден го бара патот од училиште до дома, затоа што актерството во уметноста на филмот е патување кое има само една цел – да продолжи зад следниот агол, зад следната средба со себе самиот, во улогата на некој друг, во потрага по патот до дома.

Тони Наумовски е актер кој во уметноста на филмот е почеток и крајот на патувањето кое сакаме никогаш да не заврши. Тони Наумовски е актер кој раскажува и кому му раскажуваме, пред и после приказната за тоа дека соништата се остваруваат. Бескрајно му благодариме за сите овие соништа и за сите патишта на сите актери во светот на уметноста на филмот. Добро дојде дома. Добродојде во светот на вљубениците на сликите што се движат преку морињата и преку езерото.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми