Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

„Три сестри во Москва“ - праизведба на драмскиот текст на Владимир Талески на 17 декември во Драмски театар Скопје

Објавено: 23 октомври 2026, 13:01 ч.

„Три сестри во Москва“ - праизведба на драмскиот текст на Владимир Талески на 17 декември во Драмски театар Скопје

Во НУ Драмски театар Скопје се одржа првата проба на претставата „Три сестри во Москва“ во режија на филмскиот и театарски режисер Јани Бојаџи. „Три сестри во Москва“ е праизведба на драмскиот текст на Владимир Талески, македонски автор, актер, режисер и теоретичар на театарот.

Директорот Роберт Вељановски го изрази задоволството што праизведбата на „Три сестри во Москва“ се работи по текст на домашен автор, со што се потенцира значењето на националната драматургија. „Кога го слушнав насловот, првата помисла ми беше дали во светски рамки, во времето што го живееме има публика за Чехов, но кога го прочитав текстот на Талески, видов ‘сериозно добар драмски текст’, текст што ќе остави трага во националното театарско творештво“-рече тој.

Авторот Владимир Талески во емотивното обраќање на првата проба изјави дека со многу возбуда влегува во овој процес од причина што текстот го работел неколку години и кога го понудил и бил одбран во Годишната програма на Драмски, го надвладеале личните емоции што ги има кон Драмски, каде што тој пред многу години ја играл својата дипломска и првата професионална претстава.

Талески, пред екипата сподели: „Очекувам премногу, во Драмски сè е поинаку, ретка е можноста во драматургијата да се потпирате на бесмртните ликови на Чехов, каде што чувствата, желбите, надежта и среќата на човекот се наоѓаат ‘малку подалеку од нас’, на друго место, надвор од нашето опкружување, каде што чекате додека соништата се распаѓаат, да создадете ликови што ќе ја ‘земат работата во свои раце’“. Обраќајќи се на актерите Талески рече: „Јас се обидов да ја вметнам страста и љубовта кон животот и низ една трагична театарска романса, ве поканувам со вашиот ентузијазам и карактерите што ќе ги изнесете на сцена, да оставиме длабока и убава театарска претстава“.

Во актерската екипа се: ОЛГА – Марија Кондовска, МАША – Јована Спасиќ, ИРИНА – Ања Митиќ, АНДРЕЈ – Лазар Христов, ВЕРШИНИН – Игор Стојчевски, ТУЗЕНБАХ – Сашо Тасевски, ЧЕБУТКИН – Огнен Дранговски (к.г.), ДОКТОРОТ – Предраг Павловски, СЕСТРАТА – Нина Елзесер и ПРОТОПОПОВ – Владимир Петровиќ.

Праизведбата на претставата „Три сестри во Москва“ е планирана за 17 декември 2026 година.

Извор и фотографии: Драмски Театар Скопје

 
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми