Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 11 септември 2026, 13:29 ч.
Учениците од сите четири години од графичката струка при СОУ „Таки Даскало“ – Битола остварија едукативна посета на Галеријата, музеј и ателје „Ранко Струмениковски“, каде што ја разгледаа репрезентативната изложба „Avanti grafika!5#“.
На изложбата беа поставени графички дела од еминентни македонски автори кои претходно биле дел од престижното Меѓународно графичко биенале во Љубљана. Посетата овозможи младите графичари од блиску да се запознаат со врвни уметнички остварувања и современи техники во нивната идна професија.
Настанот воедно го означи и продлабочувањето на соработката помеѓу образовната институција и галерискиот простор. Изложбата беше свечено отворена со обраќање на професорот Миле Атанасоски и д-р Драган Ристевски.
Професорскиот кадар, во состав Миле Атанасоски, Весна Мундишевска, Снежана Паскова, Николче Јоноски и Катерина Маурдева, го изрази своето задоволство од реализирана посета и најави уште поинтензивна агенда во иднина. Според нив, веќе се договорени претстојни заеднички проекти и настани кои на учениците ќе им овозможат практично усовршување и директен контакт со уметничката сцена.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025