Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 17 септември 2026, 13:10 ч.
Уметничките инсталации во Старата Битолска чаршија го заокружија проектот на „Aurora Network“
Младинската организација „Aurora Network“ официјално го прослави успешното завршување на својот креативен проект со завршен настан и изложба одржана на 14 септември во просториите на „Кисса Театет“ (Kissa Teatet).
Процесот, кој започна со идеи, денови поминати во работилници, учење и дружење, резултираше со изработка на уметнички инсталации што беа поставени низ локациите во Старата Битолска чаршија.
Главни актери во проектот беа млади учесници, волонтери, ментори и тимот кој ја водееше и организираше секоја фаза од создавањето.
Проектот остави зад себе нови пријателства, идеја за заедничко делување и уметничка трага во локалната заедница.
Настанот беше реализиран во рамките на проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Европската Унија. Од организацијата порачуваат дека иако ова е крај на проектните активности, креативните идеи и позитивните промени продолжуваат.
Фотографии: Aurora Network
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025