Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 15 јули 2026, 13:08 ч.
Реката Црн Дрим синоќа беше сцена на едно поинакво, речиси филмско музичко доживување. На иницијатива на локалниот музичар Коста Костоски, а во организација на Europe House Struga, се одржа уникатен пловен мини-концерт кој го претвори речниот тек во сцена, а кејот во преполно гледалиште.
Наместо во класична концертна сала, публиката уживаше во автентична атмосфера што потсетуваше на традиционалните струшки серенади, но во едно ново, модерно руво.
Локален талент во срцето на Струга
На импровизираната пловечка сцена својот раскошен талент го претставија етаблирани и млади струшки музичари. Нивната изведба ги сплоти сите генерации кои уживаа покрај брегот на Дрим.
На концертот настапија: Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Бојан Крстиновски, Алмир Бајрамоски, Давид Поповски, Александра Ангелкоска, Менда Шеи, Владимир Мојсовски, Томислав Нестороски, додека зад техничката поддршка и беспрекорниот звук на вода беа задолжени Никодин Трпеноски и Кирил Митрески.
Нова димензија на јавниот простор
Од Europe House Struga потенцираат дека поддршката на ваквите автентични идеи е од клучно значење за културниот развој на локално ниво.
„Веруваме дека ваквите локални иницијативи заслужуваат поддршка, особено кога преку креативност и соработка отвораат нови можности за користење на јавниот простор и ја збогатуваат културната понуда на градот.“
Реализацијата на ваков специфичен настан на вода бараше сериозна логистика. Клучна улога во безбедното и беспрекорно одвивање на концертот имаше Спортскиот клуб „Соларис“ од Струга, кој ја обезбеди целосната логистика на вода.
Настанот беше реализиран и со поддршка на Општина Струга и АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ „Црн Дрим“, кои помогнаа реката за една вечер да се трансформира во концертна сцена под отворено небо.
Бројната публика која го проследи концертот уште еднаш потврди дека Струга копнее за вакви креативни иницијативи. Прекрасните моменти од оваа незаборавна вечер на вода беа забележани низ објективот на фотографката Кики Муки Затуровска.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025