Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 30 јули 2026, 14:38 ч.
Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери, за 27 проценти зголемен бројот на репризно одиграни претстави, за 37 проценти бројот на посетители
По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки.
Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival, каде ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваа театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија.
Во текот на овие неколку месеци НТБ реализираше премиери од современа светска и домашна драматургија:
- „Госпоѓа Бовари“, од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски,
- „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски,
- "Пинокио" од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски.
Оваа година акцентот повторно е ставен и на македонските автори од македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, па во тие рамки беше изведена "Пламенка" од авторот Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Во текот на сезоната Битолскиот театар оствари бројни гостувања во Македонија и во странство, меѓу кои и фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија, со „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, претставата која минатата година ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот.
На ова гостување се најави формирањето на Балканска асоцијација на театри и фестивали – значајна иницијатива која има за цел продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот. НУ Народен Театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на оваа асоцијација и со тоа продолжува да ги гради своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика.
НТБ беше дел од јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински, со претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски. На сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција, Битолски театар ја изведе претставата „Кокошка“, на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Георгиевски. Претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, беше изведена на сцената на Македонскиот народен театар.
Тука е и соработката со Норвешка поточно приемот кај македонскиот амбасадор д-р Дритон Куќи во Осло, за директорот на НТБ.
Васко Мавровски и актерката м-р Јулијана Мирчевска, воедно претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија, што само по себе отвора нов простор за идни соработки.
Следува гостувањето со “Едмонд” од авторот Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, во Подгорица, Црна Гора на “Festival of International Alternative Theatre - FIAT”.
Досега во сезоната 2025/2026, премиерно се изведени 8 претстави, репризно одиграни 177, посетители 34.311.
Во споредба со сезоната 2024 / 2025 за 27 проценти е зголемен бројот на репризно одиграни претстави, а за 37 проценти е зголемен бројот на посетители. Полните сали и интересот на битолчани за театарот е само уште еден мотив и оваа година НТБ да продолжи да работи посветено, како и досега.
Новата сезона НТБ ќе ја започне со: "Господин Благородник" од авторот Молиер, во режија на Благој Мицевски, следуваат: "Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг, во режија на Ненад Витанов, "Новогодишен сон" од авторот Јулијана Мирчевска, во нејзина режија. Тука се и активните подготовки за "Битола Шекспир Фестивал” во месец ноември.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025