Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 23 октомври 2026, 13:17 ч.
Во Прилеп отворена е изложбата на "Конгломерати" од академскиот уметник Сашо Ацковски, кој пред прилепчани се претстави со околу 25 дела, кои се изработени во акрилна техника и на нив е преставена организирана концентрација на различни елементи по својата природа.
Од една страна има апстрактни мотиви создадени од човечка рака, а од друга страна има електронски индустриски делови создадени од машина.На овој начин уметникот го пресликува современото општество во уметничкото дело.
"Целта со изложбата ми е да ја поттикнам публиката да размисли за балансирана и контролирана употреба на техниката и технологијата во секојдневниот живот. Да ја користи истата само како средство, односно алатка за подобро опстојување и функционирање во општеството, а со самото тоа да се постигне враќање кон реалните социјални интеракции и комуникации, односно да поттикне враќање кон природата и хармонијата.“ - вели Ацковски.
Тој дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски.Реализирал повеќе изложби, самостојни и групни и член е на ДЛУМ.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025