Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 6 јули 2026, 14:37 ч.
Во автентичниот амбиент на дворот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, синоќа свечено беше отворено 24-то издание на Интернационалната театарска манифестација „Актерот на Европа“. Овој фестивал повеќе од две децении останува препознатлив симбол на културниот дијалог, уметничката извонредност и поврзувањето на народите преку моќта на театарската уметност.
Во рамките на свечената церемонија, претседателот на Советот на Општина Ресен, Коста Замановски, им ги врачи престижните награди на годинашните лауреати.
Нико Горшиќ – „Актер на Европа 2026“
Главната награда за животно дело, „Актер на Европа 2026“, годинава замина во рацете на истакнатиот словенечки актер Нико Горшиќ. Признанието му се доделува како печат за неговиот долгогодишен, исклучителен и автентичен придонес во развојот на театарската уметност на меѓународно ниво.
Доделени признанијата „Клучеви на Преспа“ и „Балканот – Срцето на Европа“
Како дел од традицијата на фестивалот, беа доделени признанијата „Клучеви на Преспа“, кои годинава ги добија:
Македонското еколошко друштво (МЕД) – институција со меѓународно реноме, посветена на заштитата и промоцијата на уникатниот екосистем во Преспанскиот регион.
Славе Николовски – Катин – публицист и долгогодишен афирматор на Македонија во светски рамки, со посебен интерес и траен придонес за Преспа.
Исто така, беа врачени и Големите повелби „Балканот – Срцето на Европа“, чии годинашни носители се:
Дејан Панделески
Сотирис Минас
Али Алиу
Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија
„Општина Ресен и оваа година е горд домаќин на Интернационалната театарска манифестација и им посакува топло добредојде на сите учесници, гости и вљубеници во театарот. Очекуваме денови исполнети со нови уметнички вредности, инспиративни средби и незаборавни моменти“, истакнаа од локалната самоуправа.
Свеченото отворање беше заокружено со впечатлив музички настап на Елена Баклава, која со својата изведба му даде посебна уметничка и емотивна димензија на почетокот на годинешните фестивалски денови.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025