Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 17 јули 2026, 12:04 ч.
Ова лето Македонија живее во ритамот на бројни музички настани и концерти, но еден настан веќе се издвојува како апсолутен рекордер без ниту една конкуренција. Нашата музичка легенда, неповторливиот Здравко Чолиќ, на 1 август доаѓа во Битола за да го приреди она што се најавува како најпосетен и најмасовен концерт на сезоната.
Работите се јасни како чист, кристален сончев ден: Македонија има многу концерти, ама Здравко Чолиќ е само еден!
Огромен интерес: Повеќе од половина капацитет е веќе распродаден!
Поради огромниот интерес, организаторите во продажба го пуштија целиот капацитет на Градскиот стадион во Битола. Иако до настанот има уште време, повеќе од половина од влезниците се веќе буквално разграбани, а еуфоријата и побарувачката за карти секојдневно растат како продажбата допрва да започнува.
Ова е јасен сигнал дека Битола на 1 август ќе биде епицентарот на балканската музичка сцена, привлекувајќи публика од сите генерации и од сите краишта на државата.
Информации за влезници и цени
Влезниците се веќе достапни во продажба. Заинтересираните можат да ги набават онлајн преку avalonbooking.mk и низ продажната мрежа на karti.com.mk ширум Македонија. На локално ниво во Битола, картите можат да се купат во ДИМПО Тобако и Пајтон.
Цените се поделени во следните категории:
Партер: 1.000 денари
Фан пит: 1.500 денари
Silver трибина: 2.000 денари
Golden трибина: 2.500 денари
ВИП трибина (ограничен број): 3.000 денари
ВИП партер: Пакетите се достапни онлајн на avalonbooking.mk и во ресторан „Расчекор“ (контакт: 078 919 191)
Пораката за ова лето е едноставна и култна: На 1 август, каде и да си – во Битола да си! Подгответе се за незаборавна вечер под отворено небо со безвременските хитови на Чола.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025