Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 30 септември 2026, 23:43 ч.
Техничкиот факултет во Битола (ТФБ) забележа значаен пораст на интересот за инженерските науки со запишувањето на 160 нови студенти во оваа академска година. Новите академици одбраа да го градат своето образование во некоја од бројните инженерски дисциплини кои се изучуваат на факултетот.
„160 студенти се запишаа оваа година на Технички факултет Битола, да студираат некоја од инженерските дисциплини кои се изучуваат на нашиот факултет. Ова е зголемување од над 25% на бројот на студенти во однос на просекот во последните 6 години.“, соопшти Техничкиот факултет во Битола.
Овој резултат е потврда за растечката привлечност и важност на инженерските професии меѓу младите.
Од факултетот изразуваат задоволство од ваквиот позитивен тренд и нагласуваат дека зголемениот број студенти е мотив плус за продолжување со квалитетна едукација и подготовка на идните инженерски кадри.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025