Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 29 септември 2026, 15:30 ч.
Општина Прилеп започнува со отстранување на напуштените возила од јавните површини – сопствениците имаат рок од 10 дена
Општина Прилеп започнува постапка за задолжително отстранување на хаварисаните и напуштени моторни возила кои со години се оставени на тротоарите, јавните површини и зеленилото.
Целта на оваа акција е ослободување на пешачките зони, подобрување на безбедноста во сообраќајот и враќање на уредниот изглед на градот.
„Јавните површини се на сите граѓани и мора да бидат достапни, чисти и уредни. Тротоарите се за пешаци, а не за оставени и неисправни возила“, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски.
Сопствениците и корисниците на ваквите возила имаат рок од 10 дена доброволно да ги отстранат од јавниот простор.
По истекот на дадениот рок, Општина Прилеп во соработка со инспекциските служби, Министерството за внатрешни работи (МВР) и овластен колективен постапувач ќе пристапи кон нивно присилно отстранување согласно законските прописи.
Од локалната самоуправа најавуваат дека продолжуваат со акцијата за целосно расчистување на градот од сите пречки кои го попречуваат нормалното функционирање на јавниот простор.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025