Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

36 години ВМРО ДПМНЕ Битола - свечена академија се одржа во битолскиот музеј

Објавено: 18 јули 2026, 11:39 ч.

36 години ВМРО ДПМНЕ Битола - свечена академија се одржа во битолскиот музеј

Со свечена академија, синоќа во битолскиот музеј Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години од своето формирање.

На одбележувањето присуствуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со партиски функционери, членови, ветерани, Унијата на млади сили, Унијата на жени и бројни поддржувачи.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека силата на партијата отсекогаш произлегувала од нејзиното единство и довербата што ја добива од граѓаните.

„Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите“, порача Мицкоски.

Пред присутните беше речено дека Општинскиот комитет ќе остане целосно посветен на новата визија за развој на Битола. „ВМРО ДПМНЕ е посветено на новата визија за Битола и нејзините граѓани. Ќе бидеме постојано присутни меѓу граѓаните и упатувам јавна отворена понуда за соработка со сите. Ќе ги користиме сите современи начини на работа, затоа што денес политиката бара нов и поинаков пристап, брза реакција, непосредност и лидерство“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ во Битола, Горан Исков. Свеченоста ја упати пораката за единство, продолжување на заедничката работа и нови успеси за ВМРО ДПМНЕ, Битола и Македонија.

На прославата присуствуваа покрај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, генералниот секретар Дрган Ковачки, пратениците од Битола – Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, Влдиката Петар, претставници на АД ЕСМ, дел од дипломатскиот кор во Македонија и голем број членови и симпатизери на партијата.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми