Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 28 септември 2026, 09:39 ч.
Сезоната за подготовка на зимница е во полн ек, но во домот на една баба од Битола, традиционалните ајвари и туршии оваа година добија сосема нов, магичен изглед.
За тоа е заслужна младата талентирана Софија Николоска од Прилеп. Деветгодишната Софија реши да и помогне на својата баба така што ги украси стаклените тегли со прекрасни цветни мотиви и љубопитни бели зајачиња.
Совршената магија настанува кога во украсените тегли ќе се спреми домашната туршија. Сега, помеѓу нацртаните цветови и зајачиња, весело зиркаат сочните зелени краставички, портокаловите моркови, црвените и зелените пиперки, како и белиот карфиол.
Оваа необична комбинација на традицијата и детската имагинација создаде вистинска природна уметност во тегла која не само што го храни стомакот, туку и ја стоплува душата!
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025