Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 октомври 2026, 13:00 ч.
Песната и детската смеа исполнија овоштарник во Преспа, каде што најмладите ученици од основните училишта „Мите Богоевски“ и „Гоце Делчев“ од Ресен, заедно со учениците од подрачните паралелки, имаа необичен и незаборавен ден посветен на традиционалниот јаболкобер.
Во рамки на активностите, децата имаа можност одблиску да се запознаат со агро-туризмот – самите береа црвени преспански јаболка, се возеа со трактор низ овоштарниците и уживаа во дегустација на домашни колачиња и свежо исцеден природен сок.
Целта на оваа иницијатива е да им се покаже на новите генерации дека овоштарникот не е само место за земјоделски труд, туку и простор за доживување, учење, дружење и промоција на локалната традиција.
„Нашата најголема желба е овие деца еден ден, кога ќе ги наследат овоштарниците од своите родители, да продолжат да ги чуваат, но и да им дадат нова вредност – можеби токму преку агро-туризмот. Инвестираме во децата денес, за да ја градиме Преспа на иднината утре“, порачуваат од „Spirit of Prespa“.
Настанот е дел од проектот „Green Spirit Prespa“, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а го спроведува здружението „Go Green - Биди Зелен“ во партнерство со „Spirit of Prespa“, „Рурални Жени од Преспа“, Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (NAITM) и Општина Ресен.
Фотографии: Spirit of Prespa
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025