Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Антички монети од времето на Филип Втори се откриени во Битолско - Истражува Македонско-Американски тим археолози

Објавено: 3 јули 2026, 13:39 ч.

Антички монети од времето на Филип Втори се откриени во Битолско - Истражува Македонско-Американски тим археолози

Македонско-американски тим археолози продолжува со интензивните истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај битолското село Црнобуки, каде и годинава се откриени бројни движни и недвижни археолошки наоди што дополнително ја расветлуваат историјата на овој древен македонски град.

Истражувањата ги спроведуваат стручњаци од НУ Завод и Музеј – Битола, во соработка со Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД.

Раководителот на проектот, советник кустос археолог Енгин Насух, истакна дека секој новооткриен предмет придонесува кон подобро разбирање на животот во античкиот град.

„И оваа година археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки ни ги даде своите дарови. Мноштвото движни и недвижни археолошки наоди повторно ги збогати нашите сознанија за овој древен македонски град. Секоја пронајдена монета, секој сад и секој метален предмет ја раскажуваат приказната за животот на обичните луѓе, за походите на големите генерали и за трговските врски со античките центри како Тесалоника, Пела, Амфиполис и Дирахион. Го откриваме минатото за подобро да ја градиме иднината“, порача Насух.

Во македонскиот тим, покрај Насух, учествуваат Слободан Стојкоски како заменик-раководител, како и Моника Нолева, Славе Стојанов и Стефан Малбашиќ. Американскиот дел од експедицијата го предводи Ник Ангелоф како кораководител, заедно со Џесика Морис и уште 25 студенти и волонтери од САД.

Локалитетот Градиште се наоѓа на околу 12 километри од Битола и претставува значајно археолошко наоѓалиште од периодот на античка Македонија и римската епоха. Минатогодишните ископувања открија слој од доцниот енеолит или почетокот на бронзеното време, како и фрагментирана женска фигурина.

Археолозите и оваа сезона користат современа технологија и специјализирана опрема, со чија помош се идентификувани наоди постари од времето на Филип V. Според досегашните истражувања, не е исклучена можноста локалитетот да го крие античкиот град Линк, кој се смета за главен град на древната област Линкестида.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми