Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 14 август 2026, 10:30 ч.
Кога огнот го зафаќа пелагонискиот крај, а чадот ги покрива селата, секундите се одлучувачки. На итен повик од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, храбрите членови на Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола уште еднаш ги облекоа униформите и без размислување заминаа таму каде што беше најтешко.
Нивниот Тим за брз одговор веднаш се најде на првата линија на фронтот. Во тесна координација со командирот на ТППЕ Битола и раководството на ДЗС, доброволците беа распоредени на најкритичните позиции, директно соочувајќи се со пламените јазици кои брзо се ширеа.
Битката се водеше на повеќе фронтови – во атарите на Лознани, Мусинци, Путурус, Лопатица и кај месноста Бели Мост.
Брзината, совршената синхронизација и несебичната пожртвуваност беа клучни во тие драматични моменти. Целта беше само една: да се пресечат пожарните линии, да се запрат дивиот оган и да се спасат домовите, луѓето и загрозената природа.
„Уште еднаш се покажа колку е моќна заедницата кога професионалните и доброволните пожарникари дејствуваат како еден организам. Горди сме на нашите момци и девојки кои, кога заедницата вика за помош, без двоумење го ставаат своето време, знаење и храброст во служба на граѓаните“, порачуваат од ДПД „Архангел“.
Оваа успешна акција уште еднаш ја потврди вистинитоста на нивното мото: тие се доброволци по избор, но пожарникари по срце – секогаш подготвени да бидат штитот на својот регион тогаш кога е најпотребно.
Еве како изгледаше акцијата на терен.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025