Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 септември 2026, 01:09 ч.
Мрежата за рурален развој на Северна Македонија ја започна новата активност за засадување ароматични растенија, кои покрај визуелното и еколошкото разубавување на просторот, овозможуваат и практична искористеност во локалната заедница.
Во рамките на иницијативата се садат лаванда, рузмарин, босилек, жалфија, невен и други видливи и корисни култури. Со соодветна подготовка на почвата и редовна нега, овие растенија можат да се одгледуваат во дворови, градини или мали леи. Покрај еколошката улога, засадените ароматични билки нудат можност да се користат како суровина за производство на хидролати, етерични масла и разни природни производи.
Главната порака на оваа акција гласи: „Не фрлај. Не пали. Претвори.“
Оваа активност е дел од пошироката кампања „Преспа во круг: Компостирај. Трансформирај!“, која има за цел подигање на јавната свест и воспоставување подобри пракси за управување со биоразградливиот отпад во преспанскиот регион. Настанот се спроведува во рамки на програмата „EU for Prespa“, финансирана од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а реализирана од УНДП (UNDP MK).
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025