Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Млади лидери под ѕвезденото небо: ИМКА организираше астрономска вечер на Националниот парк Пелистер

Објавено: 12 август 2026, 12:13 ч.

Млади лидери под ѕвезденото небо: ИМКА организираше астрономска вечер на Националниот парк Пелистер

Националниот парк Пелистер беше домаќин на незаборавна вечер во рамките на програмата Young Men s Leadership Project (YMLP), организирана од ИМКА.

Чистиот планински воздух и отвореното небо над Националниот парк Пелистер послужија како совршена подлога за една од најупечатливите активности на овогодинешниот лидерски камп.

Учесниците на проектот имаа ретка можност преку практично набљудување да ги откриваат тајните на универзумот, водени од Радан Митровиќ, претставник на Скопското астрономско друштво. Трагањето по далечните планети, соѕвездија и небесни тела им овозможи на младите лидери да стекнат поинаков агол на гледање на светот околу себе.

Оваа астрономска вечер остави силен впечаток кај сите присутни, издвојувајќи се како еден од највредните моменти и спомени од целиот камп. Во рамките на кампот, учесниците имаа уникатна можност да го истражуваат универзумот под отворено и чисто небо над Баба Планина. Со посебно предавање и водство на Митровиќ од Скопското астрономско друштво, младите лидери откриваа соѕвездија, планети и приказни испишани на ноќното небо.

Од ИМКА истакнуваат дека оваа вечер останува една од нивните омилени спомени од кампот, потсетувајќи дека понекогаш погледот кон ѕвездите е најдобриот начин да се добие нова перспектива за животот и лидерството.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми