Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 август 2026, 08:11 ч.
Жителите на селото Јанковец на кои им е потребна дополнителна грижа во секојдневните активности, отсега можат да ја користат услугата „Помош и нега во домот“, соопштуваат од нивната месна заедница.
Проектот го спроведува Општинската организација на Црвен крст – Ресен, а е наменет за сите немоќни и постари лица на кои им е потребна поддршка за нормално секојдневно функционирање. Преку овој сервис, корисниците добиваат стручен неговател кој обезбедува соодветна нега директно во нивните домови.
Услугата е во целост бесплатна. Месната заедница ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка, или познаваат некој на кого му е неопходна, да се информираат во Црвениот крст – Ресен и да ја искористат оваа могуќност, како и да ја споделат информацијата за да стигне до сите засегнати лица.
Фото илустрација: АИ
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025