Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 23 септември 2026, 10:57 ч.
Нашата училница нема ѕидови, но има природа, идеи и иднина! Вака битолски средношколци го опишуваат својот нов креативен проект
Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола деновиве реализираше интересен проект кој опфати изградбата на Зелена еко-училница – простор каде учењето, природата и креативноста се спојуваат на едно место. Со многу ентузијазам и тимска работа, чекор по чекор создаваме училница под отворено небо – место за знаење, истражување и нови идеи, велат од училиштето.
Проектот е реализиран со голем ентузијазам, тимска работа и заложби на учениците и колективот на училиштето, под менторство на професорот Зоран Трајчевски, а е поддржан преку програмата „Апшифт“ (UPSHIFT) за подобрување на училишната средина.
Главната цел на иницијативата беше да се надмине недостатокот од уреден надворешен простор и да се создаде средина каде учениците ќе можат да одржуваат настава на отворено, да изведуваат практична работа, да се дружат и да развиваат еколошка свест преку едукативни активности поврзани со природата и земјоделството.
Новата училница ја посети и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој од прва рака се запозна со реализираните активности и придобивките за учениците.
„Нашата училница нема ѕидови – има природа, идеи и иднина! Со многу ентузијазам и тимска работа, чекор по чекор создаваме училница под отворено небо – место за знаење, истражување и нови идеи“, порачуваат од СОЗУ „Кузман Шапкарев“.
Покрај создавањето на еко-училницата, преку овој проект учениците стекнаа и драгоцено искуство за тимска работа, планирање и реализација на идеи, преземање одговорност и грижа за животната средина.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025