Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Битола добива нови пешачки семафори: Плоштадот Гоце Делчев станува пешачка зона

Објавено: 3 јуни 2026, 12:17 ч.

Битола добива нови пешачки семафори: Плоштадот Гоце Делчев станува пешачка зона

Нов сообраќаен проект треба значително да ја зголеми безбедноста на пешаците и да донесе нов лик во центарот на градот. На преминот од Широк сокак кон плоштадот „Гоце Делчев“ во тек се активности за поставување на нови пешачки семафори, кои ќе го олеснат движењето на граѓаните во периодот кога оваа сообраќајница е отворена за автомобили.

Ноќни акција за помал сообраќаен метеж

Со цел да не се наруши секојдневното движење на битолчани, екипите на ЈП „Паркинзи“ деновиве интензивно работат по полноќ. Во ноќните часови се врши бележење на коловозот, согласно основниот сообраќаен проект.

Овој проект предвидува воведување на светлосни знаци за управување со сообраќајот на две клучни крстосници на улица „Широк Сокак“:

Со крстосницата на улица „Димитар Илиевски Мурато“

Со крстосницата на улица „Солунска“

Проектот, по барање на Општина Битола, го изготви Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг од Битола.

Побезбедно и кај Камениот мост

Освен кај плоштадот, градежни активности се одвиваат и кај Камениот мост. Таму исто така се поставуваат пешачки семафори, мерка која се смета за клучна пред почетокот на летото, кога фреквенцијата на луѓе и возила на оваа локација драстично се зголемува.

Крај за паркингот: Плоштадот „Гоце Делчев“ се враќа на пешаците

Најголемата трансформација ја очекува самиот плоштад „Гоце Делчев“. Според проектната документација, просторот кој досега масовно се користеше како паркинг, целосно ќе се трансформира во пешачка зона и на него повеќе нема да биде дозволено паркирање возила.

Како точно ќе изгледа и со какви содржини ќе се разубави овој простор, денес ќе одлучуваат самите битолчани. Преку отворен граѓански форум, граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите мислења, идеи и согледувања за финалното уредување на новиот пешачки плоштад.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми