Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Битолчани дозволуваат неконтролирано размножување на миленици, кученцата ги фрлаат на улица - Битола бара решенија

Објавено: 3 јуни 2026, 21:56 ч.

Битолчани дозволуваат неконтролирано размножување на миленици, кученцата ги фрлаат на улица - Битола бара решенија

Состанок на општините од Пелагонискиот регион денеска во Битола организираше Агенцијата за храна и ветеринарство на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња.

Овој настан Агенцијата го организира во соработка со сите релевантни институции и чинители во процесот, со цел усогласување на активностите, размена на информации и воспоставување на нов, системски принцип на решавање на проблемот.

„Согледавме дека ова е прашање на одговорност на сопствеништво. Што подразбира тоа? Дека имаме размножување на сопственички кучиња, неконтролирано и потоа оставање на младите да се снаоѓаат и тоа е всушност зголемување на бројката на бездомна популација“ рече меѓу другото Ангела Грујовска, вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Главна цел е да се прикаже управувањето со популацијата на бездомните и напуштени кучиња како алатка за одржување на бројот, составот и стабилноста на вкупната популација на кучиња преку заеднички пристап, ангажман и вклучување на сите релевантни чинители.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој зборуваше за решението кое пред неколку години го презеде општината, како и за функционирањето на прифатилиштето „Хачико“, и проблемите кои се предизвик за решавање.

„Во оваа прилика сакам да истакнам дека Општина Битола во континуитет правеше сериозен напор да изгради соодветно прифатилиште кое ги задоволува сите стандарди за хуман третман на животните, доби одобрување за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство за прифатилиштето, направивме мониторинг на уличната популација на кучињата, обезбедивме средства за да отпочнеме со хуманиот третман на животните, изработивме програма за хуман тертман на животните која ги дава насоките по кои се става под контрола овој проблем“ рече градоначалникот Коњановски.

На состаноците кои низ регионите ги организира Агенцијата за храна и ветеринарство се презентираат нови пристапи за управување со популацијата на кучиња, преку стандардите на хуман, стручен и безбеден начин со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на кучињата, да се обезбеди придобивки за јавноста, јавното здравје и животната средина.

„Ново што сакаме денеска да го презентираме се фактички три нивоа. Едното ниво е да направиме оперативност на базата на податоци која што веќе постои во Агенцијата за храна и ветеринарство, второ е да воведеме мерки за контрола на размножувањето на кучињата и трето е да промовираме поголема стерилизација и кастрација на кучињата, заради тоа што цело време во Македонија зборуваме за бездомна популација, а воопшто не зборуваме за изворите од каде што доаѓаат новите кучиња“ рече Влатко Илиески, професор на Ветеринарниот факултет од Скопје.

Пред присутните беше пренесена и информација за воведување на нова законска рамка.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми