Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 26 јули 2026, 12:26 ч.
35-годишен битолчанец, кој избегал од прилепскиот затвор, пред два дена е уапсен заедно со уште еден битолчанец, со кого според полицијата од продавница украле околу 30 штеки цигари.
Бегалецот бил фатен при кражба во Битола.
„Полициски службеници од СВР Битола на 24 јули ги лишиле од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола. Тие се осомничени дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“. При претрес во домот што го користеле осомничените биле пронајдени украдените цигари. Производите потоа му биле вратени на сопственикот на маркетот. Дополнителната полициска проверка открила дека Ѓ.З. се бара по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп. Тој во установата издржувал затворска казна во траење од осум месеци“, соопштија од МВР.
Ѓ.З. е вратен во затворот во Прилеп, а против него и другиот сторител полицијата ќе поднесе пријава за кражба.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025