Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 јули 2026, 14:03 ч.
Потрагата по добар мајстор за плочки во Битола се претвори во вистински кошмар за 59-годишен жител на градот, кој наместо нови плочки во тоалетот, доби скапа лекција за довербата.
Вчера, во 13:50 часот во СВР Битола, битолчанецот А.Д. (59) официјално пријавил дека бил жртва на вешта измама од страна на „мајстор“ на кој му ја доверил работата за реновирање на бањата во неговиот стан.
Како се случила измамата?
Откако се договориле за работата, „мајсторот“ успеал да го убеди сопственикот дека му се потребни пари однапред за да набави материјали. Битолчанецот, верувајќи дека работата набрзо ќе започне, му исплатил сума од 91.000 денари.
Сепак, веднаш штом парите завршиле во рацете на мајсторот, неговиот телефон „занемел“.
Откако ги зел парите мајсторот целосно избегнува контакт и е недостапен за сопственикот.
„Лицето до моментот на пријавувањето упорно избегнува секаков контакт со оштетениот, со што станало јасно дека се работи за измама“, велат од СВР Битола.
Од СВР Битола потврдуваат дека веќе се преземаат сите потребни мерки за пронаоѓање на лажниот занаетчија и за целосно расчистување на овој случај. Ова е уште еден аларм за граѓаните да бидат исклучително внимателни кога ангажираат мајстори и да не даваат големи суми на пари во аванс без писмена гаранција или договор.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025