Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 25 мај 2026, 13:50 ч.
Битола за време на денот на младоста, Фотографија на Трајче Арсов
„Мајка ми Венера е највисоко во групата (тогаш Трајковска) на 25 Мај 1959 г. ("Слет"), Балетска секција при ОУ Тодор Ангелевски, Битола , со наставничката по "Фискултура", Злата Иванова (десно стои).“-со овие зборови битолчанецот Трајче Арсов со гордост ја опишува фотографијата направена на Широк сокак на која се гледа како своевремено спектакуларно се прославувал Денот на Младоста во Битола.
Фотографијата е објавена во групата Битола стари фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, која се чини е меѓу последните чувари на спомените на битолчани како се живеело некогаш - времиња на кои се потестуваат со носталгија и почит.
Битолски Широк Сокак во тоа време беше еден од центрите каде масовно се одбележуваше овој ден, а штафетата на младоста со гордост се пренесуваше низ рацете на најдобрите младинци.
За возбудата и креативниот дух кој владеел во градот пред празникот, раскажува 69-годишната Ружица Стојановска, поранешна работничка во битолската текстилна индустрија.
„Тоа беше невидена возбуда за цела Битола. Со недели однапред се подготвувавме за гимнастичките средби и слетови на Градскиот стадион под Пелистер. Самите, со помош на мајките и бабите, си ги шиевме белите фустанчиња и ги пеглавме црвените марами за сè да биде под конец. На тој ден, Широк Сокак мирисаше на пролет и на младост. Сите бевме еднакви – немаше побогати и посиромашни, сите се дружевме и се сакавме. Навечер се собиравме во Офицерскиот дом или во тогашните домови на културата, каде што имаше игранки со жива музика до раните утрински часови. Денешната младина има сè на телефоните, но ја нема таа колективна радост и чиста среќа што ја чувствувавме ние тогаш,“ се присетува Стојановска.
Празникот се славел од 1945 до 1988 година и бил еден од најмасовните државни настани во земјата.
Во почетокот, 25 мај бил одбележуван како роденден на Тито, а во 1957 година официјално прераснал во Ден на младоста. Идејата била да се истакне младоста како симбол на иднината, единството и заедништвото на народите во тогашната држава.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025