Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 17 декември 2025, 13:59 ч.
Деновиве екипите на Комуналец расчистуваа диви депонии во околината на горниот пазар во Битола и во близина на Градските Гробишта кај црквата Света Недела. Регионот кај Горно Оризари е особено проблематичен бидејќи се случува кога некој има поголема количина смет, доаѓа со возило и го одлага сметот во некоја нива. Во неколку наврати граѓани реагираат дека исти возила доаѓаат и по неколку пати и тука нелегално одлагаат градежен шут.
Дивите депонии и натаму остануваат актуен проблем во Битола. Иако јавното претпријатие Комуналец како дел од своите редовни работни активности постојано работи на расчистување на дивите депонии низ градот тие за брзо време повторно никнуваат и тоа најчество на истото места каде што претходно и во повеќе наврати биле расчистени.
Деновиве екипите на Комуналец расчистуваа смет во околината на горниот пазар во Битола. Хигиената во овој дел е особено важна кога ќе се земе во предвид дека се работи за мошне фреквентна локација каде се продава храна, како и заради близината на средното техничко училиште. Но, дополнително токму заради тоа што во овој дел се изложува и продава храна зачудува фактот што очигледно има граѓани кои не водат сметка и преку несовесно однесување загадување таму каде што е важно да биде чисто. „Ова навистина е несовесно, што да се каже. Комуналните работници секој втор ден чистат. Сметот се собира, работниците се ќе светнат и веќе следниот ден се е по старо. Фрлаат и купувачите и продавачите.“-вели Стојан Петровски, пензионер кој редовно пазари во овој регион.
Јавното претпријатие Комуналец деновиве повторно изврши чистење на диви депонии и во близина на Градските Гробишта кај црквата Света Недела. Овој регион е особено проблематичен бидејќи со оглед на тоа што нема големо движње на возила и пешаци често се случува кога некој има поголема количина на смет, да дојде со возило и едноставно да го истури сметот во некоја нива. Во неколку наврати граѓани реагираат дека исти возила доаѓаат и по неколку пати и тука нелегално одлагаат смет, често и градежен шут.
„Повторно апелираме граѓаните да се однесуваат одговорно и да се воздржат од создавање на вакви депонии низ Општина Битола. Доколку имаат градежен шут или друг вид неопасен отпад истиот може да го депонираат на депонијата во село Мегленци.“-велат од битолски Комуналец.
Во меѓувреме од јавното претпријатие продолжуваат со тековните активности низ градот, како што е хортикултурно уредување , расчистување на јавните површини, миење на улиците, кастрење на дрва и расчистување на лисјата од градските дрва кои паѓаат на јавни површини.
Воедно, Комуналец изврши и комплетно репарирање на детски игралишта, вклучувајќи поправка на детски реквизити, мачкање со боја и промена на оштетени штици од клупите таму каде што за тоа имаше потреба. Се работеше во парковите на Младински бригади Бонде Скерлевски и Анести Пановски, како и кај Бадо и во детското игралиште во градскот парк.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025