Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 7 август 2026, 17:16 ч.
Жителите и посетителите на селото Брајчино и оваа година ја продолжуваат традицијата за одбележување на големиот верски празник и селска слава Св. Петка со богата програма и традиционални собири.
Одбележувањето започнува вечерва, на 7 август, со традиционалното манастирско гравче во манастирот „Св. Петка“, каде што веќе се вршат интензивни подготовки за пречек на гостите. Прославата продолжува утре, на 8 август, со голема општонародна веселба во центарот на селото, каде што за музичкиот дел и добрата атмосфера ќе се погрижат познатата група „Фонтана“ и Анастасија Митровска.
Организаторите ги покануваат сите верници, иселеници и добронамерници да бидат дел од традиционалните Брајчински средби и заедно да ја прослават селската слава.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025