Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 19:44 ч.
Денешниот ден за Преспа донесе двојно славење – одбележување на Светскиот ден на туризмот и традиционалниот почеток на бербата на преспанското јаболко, централниот настан во земјоделскиот и културниот календар на овој регион.
За локалните иницијативи за развој на одржлив туризам, овој датум симболизира совршен спој помеѓу автентичната локална традиција и отворањето кон светот. Преку „Spirit of Prespa“, која активно работи на промоција на агротуризмот, овоштарниците во Преспа и годинава се трансформираа во дестинација каде посетителите можат директно да го искусат процесот на берба, локалната гастрономија и природните убавини.
Првиот ден од бербата помина во знакот на меѓународна атмосфера. Овоштарниците во регионот денеска ги посетија туристи од Велика Британија, Нов Зеланд и Израел, кои имаа можност одблизу да се запознаат со процесот на одгледување и собирање на познатите преспански сорти, вклучително и бербата на сортата чадел.
„Нашата мисија е да ги поврземе двете нешта што најдобро ја раскажуваат Преспа – јаболката и туризмот. Да ги отвориме нашите овоштарници за гости и со нив да ги споделиме храната, традицијата и природната приказна за овој крај,“ истакнуваат од „Spirit of Prespa“, упатувајќи желби за аирлија берба, бериќетна сезона и многу успешни приказни од регионот.
Спојот на руралниот туризам и земјоделството сè повеќе се етаблира како клучен модел за промоција на Преспа, привлекувајќи странски гости кои бараат автентични искуства, чиста природа и директен контакт со локалната заедница.
Фотографии: Spirit of Prespa
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025