Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 октомври 2026, 09:00 ч.
Екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Битола веќе 11 дена активно се на терен за спроведување на превентивните активности за контрола на глодарите, како дел од редовната есенска градска дератизација на подрачјето на Општина Битола.
Теренските активности опфаќаат поставување, следење и контрола на дератизационите средства на соодветно определени локации, со цел да се постигне ефикасна и континуирана редукција на популацијата на глодари во градот.
Од Центар за јавно здравје Битола истакнуваат дека дератизацијата е клучна мерка за заштита на јавното здравје, со оглед на тоа што глодарите претставуваат потенцијални пренесувачи на разни заболувања и можат сериозно да ја контаминираат животната средина.
„Присуството на глодари во градската средина директно зависи од достапноста на храна, вода и места за засолнување. Покрај професионалниот ангажман на стручните екипи, од исклучителна важност е и одговорното однесување на секој граѓанин“, посочуваат од ЦЈЗ Битола.
Од установата апелираат до граѓаните за правилно одложување на комуналниот отпад, одржување на хигиената на јавните и приватните површини, како и избегнување оставање храна околу контејнерите, со цел да се спречи создавање поволни услови за размножување на глодарите.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола продолжува со планираните активности на терен за, како што наведуваат, почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите битолчани.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025