Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 октомври 2026, 16:00 ч.
Првото издание на фестивалот „Чкембе Фест – Битола 2026“ покрај традиционалните гастрономски специјалитети, на битолчани и сите посетители ќе им понуди богата стручна, културно-уметничка, музичка и хумористична програма исполнета со настапи на бројни фолклорни ансамбли, естрадни уметници и стендап комедија.
1. Прва меѓународна стручно-научна трибина за гастрономски туризам
Во петок, на 9 октомври 2026 година, со почеток во 12:00 часот во Кино „Манаки“ на Широк Сокак, ќе се одржи Првата меѓународна стручно-научна трибина на тема: „Балканска кујна – традицијата и актуелните тенденции во туризмот и угостителството“.
На трибината со свои излагања ќе настапат универзитетските професори:
Проф. д-р Науме Мариноски
Проф. д-р Сашо Коруновски
Проф. д-р Климент Наумов
Професорите ќе го анализираат влијанието на традиционалната кујна низ три клучни димензии – туризмот, културното наследство и економските ефекти врз локалниот развој. По излагањата е предвидена и отворена панел-дискусија за сите присутни угостители, туристички работници, студенти и експерти.
2. Музичка и забавна програма во ПЕТОК (9 октомври) – Плоштад „Магнолија“
Во петок (9 октомври), со почеток од 18:00 часот, на Плоштадот „Магнолија“ започнува првата музичка вечер.
На сцената ќе настапат:
Музички состави и изведувачи: „Анета Бенд“, група „Оскар“, Татјана Стефановска, Дона Петрова, Сара Петровска, Јорде Босилковски, Ема Јовановска, Ташко Каранфиловски, Јове Николовски, Кице Стефановски, Марко Трпчевски, Деан Ѓорѓиовски и Ирена Димовска-Митревска.
Фолклорни и уметнички ансамбли: Фолклорниот ансамбл „БИТОЛА“, како и Играорната група и Хорот при Државното музичко училиште – Битола.
3. Културно-уметничка и забавна програма во САБОТА (10 октомври)
Саботниот ден носи содржини на повеќе локации во градот:
Магаза (11:00 часот): Паралелен уметнички настан – спој од поетско читање на тема посветена на Битола и изложба на слики и фотографии.
Плоштад „Магнолија“ (од 10:30 часот)-Голема дневна забавна и фолклорна програма во која ќе учествуваат:
КУД „Илинден“ – Битола
КУД „Етно Илинден“ – Битола
Играорна група „Весели пензионери“
ЗП „Демир Хисар“
Вокална група „Сирма Војвода“
КУД „Преродба 24“ – Прилеп
Владе и Тајфата
Стендап комедија со Александар Георгиев
„Традицијата не треба само да се зачува – таа треба да се претвори во вредност и визија за иднината. Битола ќе пее, ќе се смее и ќе се забавува на Чкембе Фест 2026“, порачуваат организаторите.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025