Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 8 октомври 2026, 10:00 ч.
По повод Светската недела на децата, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, во својот кабинет ги пречека најмладите жители на општината – дечињата од детската градинка „Бамби“.
Посетата помина во весела атмосфера исполнета со песни, игри, детска смеа и дружење, при што најмладите му ги пренесоа своите насмевки и позитивна енергија на општинското раководство.
Градоначалникот Стевановски истакна дека децата се најголемата радост и иднина на секое општество, потсетувајќи на обврската на локалната самоуправа за создавање подобри услови за нивниот развој.
„Нашите деца се нашата најголема радост и иднина, а наша обврска е да создаваме безбедна, среќна и поттикнувачка средина во која секое дете ќе расте, ќе учи и ќе ги остварува своите соништа. Да ги чуваме детските насмевки, да ги поддржуваме нивните соништа и секој ден да им покажуваме колку се важни“, порача Стевановски.
Со оваа средба Општина Новаци на најмладите им ја честиташе Светската недела на децата.
Фотографии: Општина Новаци
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025