Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 23 јули 2026, 20:59 ч.
Детските раце цртаа и ткаеја, а педагозите и менторите ја пренесуваа приказната зад секоја нишка.
Со многу љубопитност, креативност и насмевки се одржа детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, каде најмладите имаа можност да се запознаат со традиционалното ткаење и вредностите на македонското културно наследство.
Во работилницата во Битола учествуваа 75 ученици од 8 основни училишта, под водство на 19 ментори, а своето знаење и искуство несебично го пренесоа Лилјана Христовски, Весна Дунимагловска, Анкица Стевановска, Веселин Поповски, Тони Гламчевски и Вера Соклевска.
Работилницата заврши со проекција на етнографски филм, заокружувајќи едно инспиративно дружење во кое уметноста, образованието и културното наследство се споија во едно незаборавно искуство.
Традицијата е најжива тогаш кога ќе ја препознаат, ќе ја научат и ќе ја продолжат најмладите, порачуваат од фестивалот Илинденски денови.
Фотографии од фестивал Илинденски денови: Диоген Хаџи Коста Милевски
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025