Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Нова хумана донација за прилепската болница: Компанијата „WIK“ донираше 25 детски креветчиња за ЈЗУ „Борка Талески“

Објавено: 23 септември 2026, 13:12 ч.

Нова хумана донација за прилепската болница: Компанијата „WIK“ донираше 25 детски креветчиња за ЈЗУ „Борка Талески“

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп доби значајна донација од 25 нови детски креветчиња, наменети за подобрување на условите за престој и лекување на најмалите пациенти на детското одделение.

Донацијата е обезбедена од општествено одговорната компанија „WIK“, која по вторпат излегува во пресрет на потребите на прилепската здравствена установа. Изминатата година, истата компанија за потребите на болницата донираше и апарат за видео ЕЕГ, со што уште еднаш ја потврдува својата континуирана грижа за детското здравје и подобрувањето на условите во локалното здравство.

Од раководството на болницата изразија длабока благодарност за оваа хумана гест-иницијатива.

„Од срце благодариме на компанијата WIK за донацијата на 25 детски креветчиња за нашите најмали пациенти. Минатата година ни донираа апарат за видео ЕЕГ, а и оваа година повторно ја покажуваат својата хуманост и грижа за децата. Ви благодариме што сте со нас и што со вашата поддршка создавате подобри услови за лекување и престој на најмалите. Заедно правиме големи дела за малите херои“, истакнаа од ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Со оваа опрема значајно ќе се олесни престојот на децата и нивните родители за време на болничкото лекување, со што се обезбедуваат посовремени и попријатни услови во установата.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми