Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 19 мај 2026, 03:02 ч.
Државно музичко училиште - Битола насоката Традициски играч и пејач беше домаќин на учениците и претставниците од НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино и ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино, кои го реализираат проектот „Работилница за народни ора, песна, инструменти и носија“, со колегата етнокореолог Александар Арсов. Во рамки на посетата, директорката на училиштето Марија Шамоска Буџаковски, ги запозна со наставниот процес во училиштето и насоката, присутните ученици од 7, 8 и 9 одделение од Неготино. Мастер часот за учениците од Неготино се одржа во Голема сала на НУ Центар за култура Битола. Учениците од ДМУ Битола Насока за традиционална музика и игра имаа можност да презентираат и дел од наставната програма, споделувајќи ја љубовта кон македонската традиција, народната песна и игра.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025