Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 20 септември 2026, 21:40 ч.
Лишени од слобода 19 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле под дејство на алкохол, осуммина без положен возачки испит.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, поради возење под дејство на алкохол од слобода се лишени М.Р.(24) од скопско, Н.К.(23) од демирхисарско, Х.Т.(20) од Битола, Ф.А.(24) од Куманово, С.И.(33) од кумановско, З.Л.(49) од Свети Николе, Г.С.(45) од Делчево, Г.Ч.(48) од Кавадарци, 26-годишната К.Р. од Кавадарци и 34-годишната З.Б.П. од Велес.
Осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.В.(47) и М.Ј.(23), двајцата од Скопје, Б.И.(20) од с.Драчевица, скопско, Р.Т.(18) од Гевгелија, З.Х.(59) од с.Локвени, прилепско, А.Р.(34) од с.Горна Речица, тетовско и двајца 16-годишници од гостиварско. Додека пак, поради возење со активна забрана за управување моторно возило од слобода е лишен И.Б.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, порачуваат од МВР.
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025