Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Еко активности на битолско Тумбе кафе - проектот Еко аларм ги анимираше младите еко лидери во Пелагонија

Објавено: 16 декември 2025, 17:08 ч.

Еко активности на битолско Тумбе кафе - проектот Еко аларм ги анимираше младите еко лидери во Пелагонија

Во рамките на проектот „Еко аларм“, успешно се спроведоа еколошки акции за чистење на две локации во познатото битолско излетничко место Тумбе кафе. Во акциите масовно се вклучија младите ентузијасти и средношколците од училиштето „Таки Даскало“ од Битола, кои уште еднаш ја покажаа својата граѓанска одговорност и грижа за природата.

Оваа теренска акција е директен резултат на претходно спроведените едукативни активности. Во првата фаза од проектот, младите поминаа низ специјални обуки на кои теоретски и практично учеа како се мапираат диви депонии и еколошки жаришта со помош на дигитални алатки.

По успешната детекција на критичните точки, средношколците ги засукаа ракавите и излегоа на терен. Од двете локации на Тумбе кафе беа собрани значителни количини отпад, со што на ова омилено место за рекреација на битолчани му се врати уредниот изглед.

Главната цел на овие акции, покрај конкретното расчистување на ѓубрето, е подигнување на јавната свест кај сите граѓани за важноста од зачувување на чистата животна околина.

„Оваа акција покажа дека обуките не останаа само на хартија. Младите научија како да ги лоцираат проблемите во заедницата, но и како да бидат дел од нивното решение. Чистата околина е обврска на секој од нас, а средношколците од Таки Даскало се вистински пример за тоа како се сака својот град“, изјавија организаторите.

Организаторите упатуваат апел до сите посетители на излетничките места да го одлагаат отпадот совесно и да ја чуваат зелената слика на Битола.

Проектот „Eco Alarm“, преку кој се реализираа овие активности, продолжува да ги мотивира младите од Пелагонискиот регион да бидат гласни и активни во заштитата на природата. Истиот е поддржан од Фондот за зајакнување на младите (Youth Empowerment Fund), Глобалната мобилизација на млади (Global Youth Mobilization - GYM) и Европската Унија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми